Територијата на Бугарија биде распарчена на пет части. Кнежество Бугарија ги опфаќа териториите на север од Балканот. Од Пловдивска Тракија се создаде автономна државна област - Источна Румелија (во 1885 година таа се обедини со Кнежеството и noкрај спротивувањето на Великите сили). Србија, за да го спречи Соединението започна Српско-Бугарска војна, но претрпе тежок пораз и беше принудена да ja признае волјата на Болгарите. Македонија и Одринска Тракија останаа после Берлинскиот конгрес во Турција. Северна Добруџа беше дадена на Романија (за компенсација на присоединетата от Русија Бесарабија), а Моравската облает со град Ниш ja доби Србија.
Населението од Македонија и Одринска Тракија не се примири со волјата на Великите сили и ja продолжи борбата за ослободување и обединување со слободната Татковина. Веднаш после Берлинскиот конгрес во Разложко и Крененско се подига масово востание против распарчувањето на Бугарските земји. Востаниците создаваат во Пирин „Привремена Бугарска влада во Македонија". Таа издава повик во кое се кажува "...И така браќа настана веќе време да се покажеме себе си, дека сме народ достоен за слободата, дека во нашите жили не е престанала да тече крв од Крума и Симеона. Настана време да покажеме на Европа, дека да се раздели со црнило цел еден народ, не е шега..."
Овој документ jacно покажува, дека целта на востанието е да се сопре поделбата на Бугарскиот народ од Великите сили.
25. IX. 1878 г.
Народољубиви господин Петко војвода
Bо ЧепелареБидејќи вашето видување е многу потребно со г-н Димитрија поп Георгиев, кој се наоѓа во Дупнишка Џумаја и е водач над тамошните по границата народни стражари, за да си разговорите за едно многу важно прашање за во полза на сите Бугари, кои од Берлинскиот конгрес се оставија пак под турско тиранско управување. Затоа штом го добиете моето соопштение, незабавено да се упатите за таму.Еден народољубив македончанин /Натанаил/
Во спротивен случај ако работите не Ви допуштат да отидете сам до дотаму, за тоа од Ваша страна да испратите едно верно и благо-разумно лице, кое да може да го изврши Вашето за нашиот народ интересно дело.
Како Be поздравувам во името на Македонските Бугари, останувам се Ваш содружник за ослободувалето на неослободените Бугари во Турско.
ПЕТКО BOJBOДA
/Петко Кирјаков Калоjанов -1844-1900/Бугарски национал-револуционер, роден во с. Доганхисар, Источните Родопи. По време не Ослободителната војна дејствува во Родопите и Беломорието. Еден од основувачите на легалните Tpaкиски организации во Кнежеството.
ДИМИТАР ПОПГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ
/1840-1907/Роден во с. Берово, Малешевско. Бугарски национал-революционер. По време на Априлското востание 1876 година дејствува во Паланечкиот крај. Началник е на штабот на Кресненско-Разложкото востание од 1878-1879 година против Берлинскиот конгрес. Учесник во Србско-Бугарската војна околу Соединењето на Кнежеството со Румелија во 1885 година.
МИТРОПОЛИТ НАТАНАИЛ ОХРИДСКИ
/Светско име Нешо Бојкакиев - 1820-1906/Роден во с. Кучевишта, Скопска Црна гора. Еден од инициаторите за востановување на Охридската архиепископија. После создавувањето на Бугарската Екзархија во 1870 година е првиот митрополит на Охрид. Зема дејно учество во организирањето на отпор против решењата на Берлинскиот конгрес. Еден од организаторите на Кресненско-Разложкото востание.