Паисиј ја нарекува својата историја - "Историја Славјаноболгарска". Во неа тој јасно и определено ги сврзува појмите род-народ-татковина-учење-обичај со јазик, како составува цела национална програма. Кон тоа Рајко Жинзифов покасно ги додава верата и народноста. Во книжевниците од Македонија се создава традиција за етничко именување на јазикот, на кој тие пишуваат. Јоаким Крчовски издава „Повест ради страшнаго и втораго пришествие Христова, собрана од различних светих писаниња и преведена на простејши јазик Болгарски!" (во Будин град, 1814) и „Чудеса пресветија Богородици, преведени од книга „Амортолон Сотириа на болгарски јазик" (во Будин град, 1817). Тетовскиот (од с. Теарце) монах Кирил Пејчиновиќ го нарекува трудот си „Книга сија зовомија Огледало, описана ради потреби и ползованија препростеjшим и некнижним јазиком Болгарским Долнаја Миссии" (во Будин град, 1816).
Тука треба да се однесат уште книгите на: граматистот од Банско - Неофит Рилски „Болгарска граматика" (Крагуевац, 1835), ..Новы завет, новопреведенны; от славенскаго на Болгарской Азыкъ"; на солунчанецот Павел Божигробски „Евангелие (типосано на Богарскої език со гръцки букви)", (Солун, 1852); на свештеникот од Скопско Натанаил Зографски „Буквар славеноболгарски" (Букурешт, 1865 г.). Охриѓанецот К. Шапкарев го напишува „Български буквар..."(1868 г.), „Голема Българска читанка" (1868 г.), „Сборник от Български народни умотворения" (1891 -1894 г.).