Крсте Мисирков е роден во 1874 година во с. Постол, Ениџевардарско. Завршува образование како српски степендиант во Белград при професор Стојан Новаковиќ. Добро познато е дека Мисирков е првиот кој ги излага идеите на Новаковиќ „за култивирање на македонизам" кај Бугарите во Македонија во својата книшка „За Македонцките работи".
Но што криjат за Мисирков нашите историчари:
1. Мисирков jaвно се откажува од пишувањата во својата книшка објаснувајќи, дека „истапил како импровизиран политичар по македонското прашање".
2. До крајот на својот живот Мисирков напишува множество научни трудови, каде го брани бескомпромисно Бугарскиот карактер на словенското население во Македонија.
3. Секој кој е прочитал „За Македонцките работи" знае, дека и во неа Мисирков пишува, дека целото словенско население на Македонија, само се нарекува и се чуствува, како дел од Бугарската нација.
Есенцијата на идеите на Мисирков до кpaj на животот му е собрана во една негова статија во вестник „20 Јули" издаван од Илинденската организација во Софија:
„Се нарекуваме ли ние Болгари или Македонци, ние секогаш се сознаваме како оделна, единна, совршенно одлична од Србите и со Бугарско национално сознание народност."
„Читателите на таа статија ќе бидат вероватно изненадени од грамадното противоречие, кое ќе сретнат во неа за разлика со оноа, кое го читале или можат да прочита во мојата брошура „За македонцките работи". За одгатнување на противоречието доста е да се припомни, дека , таму истапив, како импровизиран политичар по македонското прашање... Сета содржина на 6poшурата стоеше толку далеку од безпристрастната наука..." и т. н."
Списание "Българска сбирка" 1910-1911г.
"...Идејата за оделен македонски народ е една итро скроена лага, за да имаат србите право барем на дел од Македонија".
"...Србиија ги владее земјата и телата на Македонците; душите им пак са во Бугарија и на Бугарија, за да бидеме добри словени треба да бидеме добри Бугари..."
"Koј е против Велика Бугарија тој е npoтив словенството..." 3 јануари. 1915 год.
"..Зошто Србите ја сакаат Македонија? Што српско има во таа чисто бугарска страна, која остава таква од 6-ти век и до денешен ден, покрај превратностите на историјската судба"
Весник „Мир" од 8 март 1919 год.
Фотографија од статијата на Крсте Петков Мисирков "Белешки кон јужно-славјанската филологија и историја". Списание "Македоно-Одрински преглед", 24 јуни 1907г.