„После отидов кај Рангвис и му зајавив, дека jac сум сочинителот на „О Арматолос". Тој ме прими многу ласкаво и со весел глас ја повика госпоѓата и ме препорача.
- Од каква сте народност?
- Болгарин.
- Не е можно Болгарин да има црни коси и црни очи. На тоа не одговорив..."
„Во мај 1868г., ако добро помнам ги поканив првенците во мојот дом.
- Сакате ли да воведеме Болгарски јазик во цркви и училишта?
- Сакаме."
„...Во почетокот на ноември 1868 се вратив од Цариград и незабавено воведов болгарски јазик во цркви и училишта. Тоа не му се допаѓаше никако на Милетиј. Какви тој интриги скова против мене, ќе покажат фактовете...
„Не скоро се приготвивме и се обгрнавме со сите затвореници...
- Јавно е дека вие сакате да затриете совршено две цели фамилии поради мојата ми вина, дека сум вовел во Охрид Бугарски јазик, кога сам Султанот ми дозволи да предавам.
- Гробно молчање...
- Остави Бугарскиот јазик, кажа кајмакаминот, и сега те ослободувам.
- Подобро смрт