Павел Шатев е роден во Кратово во 1882 година. Учи во Cкonje и во Солунската гимназија. Како еден од „гемиџиите" участвува во Солунските атентати во април 1903 година. Приврзеник на т.н „левица" во македонското ослободитено движење. После создавањето на Југословенска Република Македонија Павел Шатев за известно време е министер на правосудието. Соборен од тоа место со обвинение, дека води „пробугарска" дејност. Умира под домашен притвор во Битола во 1950 година.
Ете како ги опишува резултатите од Илинденското востание Павел Шатев во својата книга „Македонското национално ослободително движење"
„...Од 20 јули до месец ноември 1903 година станеле 240 судрувања меѓу 26 500 востаници и 351 000 турска војска. Убиени и се и ранети 1000 востаници и 5330 турски војници. Изгорени се 12 450 куќи на Бугари во Македонија и Одринско. Убиени и заклани се од турците 4701 невинни луѓе. Силувани се 3122 жени и моми. Запленети и одвлечени во Турција 72 жени и девојки. Уaпсени се 4000 Бугари, од кои 1000 се осудени на строг темничен затвор..."
Читајте спомените на Павел Шатев