Во 1860 год. охридското население посакало да се изпрати владика, кој да одговара на новите потреби на времето и да не пречи на Бугарскиот јазик. Цариградската патриаршија им го испраќа Гркот Милетиј. Охриѓани протестираат и настојуват за возстановување на затворената во 1767 година Охридска архиепископија.
Достоуважени представители на Болгарскиот народ.
Подпишаните жители на Прва Јустинијана или на Охрид како видовме од една страна, дека при сета ни надеж - општата мајка Великата Христова црква не даде никакво внимание на подадените ни едно до друго општи молби до неа сред кое топло молиме да го замени избраниот против нашите желби и молби митрополит Милетиј... А од друга страна осведочени, дека целиот наш Болгарски народ негодува по истите причини против великата Христова црква... сметавме за наша неиз6ежна должност согласно со нашиот народ да Bи назначиме и да Ви признаеме сред натамошното наше општо полномоштно за полновластни представители,што од наша страна најтопло да ja помолите Високата порта да ги послуша нашите молби и да не избави од своеволието на грчкото духовенство, како го потврди основувањето на автокефална архиепископија на Прва Јустиниана Охридска и на цела Болгарија, која несправедливо и незаконо ја присвои истото грчко духовенство...
9 април 1861 година во прва Јустиниана или Охрид.